1. Во тоа време цар Ирод стави рака на некои од Црквата, и почна да ги измачува.
2. Со меч го уби Јакова, братот Јованов.
3. А кога виде дека тоа им се допаѓа на Јудејците, го фати и Петар. Тоа беше за време на Бесквасници.
4. Него, кога го фати, го фрли в затвор предавајќи го на четири групи по четири војници да го пазат. Неговата намера беше веднаш по Пасхата да го изведе пред народот.
5. И така, додека Петар го пазеа во затворот, Црквата непрестано Му се молеше на Бога за него.
6. Ноќта, спроти денот кога Ирод сакаше да го изведе, Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во два пара ланци, а стражарите пред портата го чуваа затворот.
7. И, ете, ангел Господов застана, и светлина блесна во затворот. Ангелот го потчукна Петар по ребрата и го разбуди, па му рече: „Стани брзо!“ И оковите му паднаа од рацете негови.
8. Тогаш ангелот му рече: „Препашај се и обуј си ги чевлите!“ Така и направи. И пак му рече: „Облечи ги алиштата свои и врви по мене!“
9. И излезе и тргна по него, а не знаеше дека тоа, што го направи ангелот, е вистина, туку си мислеше дека гледа привид.
10. Откако ја изминаа првата и втората стража, дојдоа до железната порта, што водеше кон градот, а таа им се отвори сама. Тие излегоа и преминаа преку една улица, и во тој час ангелот го снема.