5. А Господ нека ги насочи срцата ваши право кон љубовта Божја и трпението Христово!
6. Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат кој живее неуредно, а не според преданието што го добивте од нас!
7. Сами знаете како треба да се угледате на нас, бидејќи ние не живеевме неуредно кај вас,
8. ниту, пак, кај некого јадевме леб дарум, туку работевме со труд и мака дење и ноќе за да не му додеваме на никого од вас.
9. И не поради тоа што немавме власт, туку за да бидеме пример, та да се угледате на нас.
10. Зашто, кога бевме меѓу вас ви го заповедавме ова – кој не сака да работи, тој нека и не јаде.
11. Но слушаме дека некои од вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи;
12. на таквите им заповедаме и ги молиме во нашиот Господ Исус Христос да работат тивко и да си го јадат својот леб.
13. А вам, браќа, да не ви здодејува да правите добро.
14. Ако некој не ги послуша нашите зборови од ова послание, обележете го и не дружете се со него, за да се посрами;
15. но не сметајте го за непријател, туку поучувајте го како брат.