поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3

Нов Завет

2 Солуњаните 3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Поттик на молитва и работа

1. Потоа, браќа, молете Му се на Бога за нас, та словото Господово да се распространува и да се слави на секое место, како и меѓу вас,

2. и да се избавиме од жестоки и злобни луѓе, бидејќи немаат сите вера.

3. Но верен е Господ Кој ќе ве утврди и запази од лукавиот.

4. Ние сме уверени за вас во Господ де­ка го вршите и дека ќе го вршите она што ви го заповедаме.

5. А Господ нека ги насочи срцата ва­ши право кон љубовта Божја и трпение­то Христово!

6. Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат кој живее не­уредно, а не според преданието што го добивте од нас!

7. Сами знаете како треба да се угледате на нас, бидејќи ние не живеевме неуредно кај вас,

8. ниту, пак, кај некого јадевме леб да­рум, туку работевме со труд и мака де­ње и ноќе за да не му додеваме на никого од вас.

9. И не поради тоа што немавме власт, туку за да бидеме пример, та да се угледате на нас.

10. Зашто, кога бевме меѓу вас ви го за­поведавме ова – кој не сака да работи, тој нека и не јаде.

11. Но слушаме дека некои од вас жи­веат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи;

12. на таквите им заповедаме и ги мо­лиме во нашиот Господ Исус Христос да работат тивко и да си го јадат својот леб.

13. А вам, браќа, да не ви здодејува да правите добро.

14. Ако некој не ги послуша нашите зборови од ова послание, обележете го и не дружете се со него, за да се посрами;

15. но не сметајте го за непријател, ту­ку поучувајте го како брат.

Благослов и поздрав

16. А Сам Господ на мирот нека ви да­де мир секогаш и во секое дело! Господ нека е со сите вас!

17. Своерачен поздрав од мене, Павле; тоа е белег во секое послание; јас пи­шу­вам така.

18. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин.