Нов Завет

2 Солуњаните 2:14-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. кон кое ве повика преку нашето Евангелие за да ја придобиете славата на нашиот Господ Исус Христос.

15. И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание.

16. А сам Господ наш, Исус Христос, и Бог и Отец наш, Кој нѐ возљуби и преку благодатта Своја ни даде вечна утеха и добра надеж,

17. нека ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело!

Прочитајте целосна глава 2 Солуњаните 2