Нов Завет

2 Солуњаните 2:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање кај Него, ве молам, браќа,

2. да не се поколебате лесно во мисли­те свои и да ве обзема ужас, било поради некој дух, било поради некој збор, или преку послание, небаре како од нас испратено, дека божем веќе настапил Христовиот ден.

3. Никој да не ве измами на ниеден на­чин; зашто оној ден нема да настапи до­дека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие Човекот на гревот, Синот на погибелта,

4. кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог.

5. Не помните ли дека уште кога бев кај вас ви зборував за тоа?

6. Сега знаете што го задржа него да се открие во свое време.

7. Тајната на беззаконието веќе деј­ствува, само тоа нема да биде извршено додека не се отргне оној што ја за­др­жу­ва сега;

8. тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја и преку појавата на Своето доаѓање ќе го истреби.

Прочитајте целосна глава 2 Солуњаните 2