Нов Завет

2 Петар 2:5-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. и кога не го поштеди првиот свет, туку, кога нанесе потоп врз безбожниот свет, го запази само осумчленото семеј­ство на Ное, проповедникот на правдата;

6. и градовите Содом и Гомора ги осу­ди на разурнување и ги претвори во пе­пел, оставајќи ги како пример на идни­те безбожници,

7. а го избави праведниот Лот, кого го осрамотија беззакониците со нечистиот живот.

8. Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги без­за­конските дела, тој секојдневно ја из­мачуваше својата праведна душа;

9. значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а непра­ведните да ги држи во маки за судниот ден;

10. а најмногу оние што се управуваат според телото во неговите гнасни похоти, кои ја презираат власта, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта,

11. но дури ни ангелите, кои се пос­наж­ни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господ.

12. А тие, како неразумни животни, созданија по инстинкт се фаќаат и се уништуваат, хулејќи го она што не го разбираат, во својата погибел ќе загинат,

13. добивајќи казна за вршење неправда. Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат за уживање; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами, додека јадат со вас;

14. имаат очи полни со прељубодејство и ненаситни се на грев, ги мамат не­ут­врдените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството!

15. Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака пла­та за вршење неправда,

16. но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.

17. Тие се безводни извори, облаци и магли од бура разнесувани; за нив е ре­зер­виран мракот на темнината засекогаш.

Прочитајте целосна глава 2 Петар 2