7. Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас.
8. Од секаде сме угнетувани, но не сме потиштени; во недоумица сме, не губиме надеж;
9. нѐ гонат, но не сме напуштени; нѐ кутнуваат, но ние не пропаѓаме.
10. И секогаш во телото наше ја носиме смртта на Господ Исус, така што и животот Исусов да се открие во телото наше.
11. Зашто ние, живите, постојано се изложуваме на смрт заради Исус, та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело.
12. Така смртта дејствува во нас, а животот – во вас.
13. А, пак, бидејќи го имаме тој ист дух на верата, како што е напишано: „Поверував и затоа говорев“, и ние веруваме, па затоа и говориме,
14. бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господ Исус и нас ќе нѐ воскресне преку Исус и ќе нѐ постави со вас.
15. Зашто сѐ е заради вас, та благодатта, намножена преку благодарноста на мнозина, да изобилува за славата Божја.
16. Затоа ние не паѓаме со духот; но, ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се обновува.
17. Зашто нашите сегашни незначителни страдања ни донесуваат многу пообилна и вечна тежина на славата,
18. зашто ние не целиме кон видливото, туку кон невидливото, бидејќи видливото е времено, а невидливото – вечно.