Нов Завет

2 Коринтјаните 12:10-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Затоа уживам во слабости, во нав­редување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.

11. Фалејќи се станав безумен! Вие ме принудивте. Вие требаше да ме пофалите, зашто со ништо не сум по­до­лен од надапостолите, иако сум ништо.

12. Зашто знаците на апостолите се по­кажаа меѓу вас во полно трпение, во знаци, чудеса и силни дела.

13. По што останавте подолни од дру­гите цркви, освен по она што јас не ви дотежнеав? Простете ми ја таа грешка!

14. Еве, по третпат се готвам да дојдам кај вас и пак нема да паднам на ваш то­вар; зашто јас не го барам вашето, туку вас: децата не се должни да собираат богатство за родителите, туку роди­те­лите за децата.

15. А јас на драго срце сѐ ќе жртвувам и ќе се жртвувам себе за вашите души. Иако јас премногу ве љубам, вие многу помалку ме љубите.

16. Но нека биде така! Јас не ви додевав; само, бидејќи итар, ве добив на из­мама.

17. Да не сум ве искористил можеби преку оние што ги испраќав кај вас?

18. Го замолив Тит, а со него го пратив и еден од браќата. Да не ве исползува можеби Тит во нешто? Не одевме ли со ист дух? Нели по истите стапки?

19. Одамна мислите дека пред вас се одбрануваме. Ние зборуваме пред Бога, во Христос, и сето тоа, возљубени, е за ваше изградување.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 12