Нов Завет

2 Коринтјаните 10:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. На надворешноста ли гледате? Кој е уверен во себе дека е Христов, нека размисли веднаш во себе дека, како што е тој Христов, така сме и ние Христови.

8. Бидејќи, кога би се пофалил и малку повеќе со нашата власт, која ни ја даде Господ за вашето изградување, а не за разорување, нема да се посрамам.

9. Но никој нека не помисли дека преку посланијата ве заплашувам,

10. бидејќи во посланијата свои, ќе рече некој, тој е строг и силен, но при лич­но­то присуство меѓу нас – слаб; проповедта негова ништо не вреди.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 10