Нов Завет

2 Коринтјаните 10:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Јас, Павле, лично ве молам со Христовата благост и кроткост, јас самиот, кој сум понизен, кога сум лично меѓу вас, а смел кога сум далеку од вас,

2. ве молам, кога ќе бидам кај вас, да бидете такви што да нема потреба да бидам така смел, каков што мислам да бидам кон некои, кои за нас мислат дека живееме по телото.

3. Зашто, иако во тело живееме, те­лес­но не се бориме.

4. Оружјето на нашето војување не е телесно, но со помошта Божја станува моќно за рушење тврдини; со него ние уништуваме мудрувања,

5. и секоја горделивост, што се крева против познанието за Бога, и го заробуваме секој ум за да Му биде покорен на Христа;

6. и спремни сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се исполни ва­шата послушност.

7. На надворешноста ли гледате? Кој е уверен во себе дека е Христов, нека размисли веднаш во себе дека, како што е тој Христов, така сме и ние Христови.

8. Бидејќи, кога би се пофалил и малку повеќе со нашата власт, која ни ја даде Господ за вашето изградување, а не за разорување, нема да се посрамам.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 10