Нов Завет

1 Тимотеј 6:6-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. А голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив и задоволен со себе.

7. Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме.

8. Но кога имаме храна и облекло, со тоа да бидеме задоволни.

9. А оние што сакаат да се збогатува­ат, паѓаат во искушение, во стапици и во многу неразумни и штетни страсти, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел.

10. Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на што некои му се пре­да­доа, се отклонија од верата и си нав­ле­коа многу маки.

11. Но ти, човеку Божји, бегај од ова и стреми се кон праведноста, побожноста, верата, љубовта, трпеливоста и кротоста!

12. Бори се со добриот подвиг на верата; освој го вечниот живот за кој си и повикан и си дал добра потврда пред многу сведоци.

13. Ти заповедам пред Бога, Кој сѐ оживотворува, и пред Христос Исус, Кој ја посведочи добрата исповед пред Понтиј Пилат,

14. да ја запазиш заповедта чиста и бес­прекорна сѐ до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос,

15. кое, кога ќе му дојде времето, ќе Го открие блажениот и единствен Вла­де­тел, Цар над царевите и Господар над господарите,

16. Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го ви­ди. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин!

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 6