Нов Завет

1 Солуњаните 5:18-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас!

19. Не гаснете Го Духот!

20. Пророштвата не ги омаловажувај­те!

21. Сѐ испитувајте, за доброто држете се!

22. Клонете се од секакво зло!

23. А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сѐ, и целиот ваш дух и ду­шата и телото да се запазат без порок за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!

24. Верен е Оној, Кој ве повикува. Тој и ќе го направи тоа.

25. Браќа, молете се за нас!

26. Поздравете ги сите браќа со свет целив!

27. Ве заколнувам во Господ ова пос­ла­ние да им го прочитате на сите свети браќа.

28. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!

Прочитајте целосна глава 1 Солуњаните 5