Нов Завет

1 Солуњаните 5:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А за времињата и часовите, браќа, нема потреба да ви се пишува,

2. бидејќи вие самите многу добро зна­ете: денот Господов ќе дојде како кра­дец во ноќно време.

3. И додека уште велат: „Мир и безбедност!“, Тогаш ненадејно ќе ги снајде пропаст и не ќе можат да избегнат.

4. Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да може да ве затече како крадец.

5. Бидејќи сите вие сте синови на свет­лината и синови на денот; ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината.

6. И така, да не спиеме како и другите, туку да бидеме будни и трезни.

7. Зашто оние што спијат, ноќе спијат, и оние што се опиваат, ноќе се опиваат.

8. Ние, пак, како синови на денот, да бидеме трезни и облечени во оклопот на верата и љубовта и шлемот на на­дежта за спасение,

Прочитајте целосна глава 1 Солуњаните 5