Нов Завет

1 Солуњаните 4:13-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. Браќа, не сакаме да бидете во незнаење за оние кои се упокоени, за да не тажите како и другите, што немаат надеж.

14. Зашто, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така Бог и упокоени­те преку Исус, ќе ги доведе со Него.

15. Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господ, нема да стигнеме пред упокоените.

16. бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе вос­креснат мртвите;

17. а потоа, ние, што сме останале жи­ви, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ.

18. Па затоа, утешувајте се еден со друг со тие зборови.

Прочитајте целосна глава 1 Солуњаните 4