поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Нов Завет

1 Солуњаните 4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Животот кој му е угоден на Бога: чистота, братска љубов

1. И така, браќа, ве молиме и ве за­колнуваме во Христос Исус, онака, како што научивте од нас како треба да живеете и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, сѐ повеќе во тоа да напредувате;

2. Вие знаете какви пораки ви дадовме од името на Господа Исуса.

3. Ова е волјата Божја, вашата светост: да се воздржувате од блудство,

4. и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и честитост,

5. а не во похотна страст, како незна­бошците, кои не Го познаваат Бога,

6. и да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидејќи Господ за сето тоа се одмаздува, како што ви зборував­ме и сведочевме порано.

7. Зашто Бог не нѐ повика кон не­чис­тота, туку во светост.

8. А кој го отфрла тоа, тој отфрла не човек, туку Бога, Кој Го даде Својот Дух Свети во нас.

9. За братољубието, пак, нема потреба да ви пишувам, зашто вие сами сте нау­чени од Бога да се сакате еден со друг,

10. бидејќи така и постапувате со сите браќа по цела Македонија. И ве пот­тик­нуваме, браќа, уште повеќе да нап­ре­ду­вате,

11. и усрдно да се грижите да живеете мирно, да си ја извршувате сопствената работа и да работите со свои раце како што ви заповедавме;

12. да постапувате чесно спрема надворешните и да не зависите од никого.

Воскресението на мртвите и очекување на денот на Господовото доаѓање

13. Браќа, не сакаме да бидете во незнаење за оние кои се упокоени, за да не тажите како и другите, што немаат надеж.

14. Зашто, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така Бог и упокоени­те преку Исус, ќе ги доведе со Него.

15. Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господ, нема да стигнеме пред упокоените.

16. бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе вос­креснат мртвите;

17. а потоа, ние, што сме останале жи­ви, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ.

18. Па затоа, утешувајте се еден со друг со тие зборови.