Нов Завет

1 Петар 3:12-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. бидејќи очите на Господ се вперени кон праведните, и ушите Негови – кон нивните молитви, а лицето Господово е против оние кои прават зло за да ги истреби од земјата.“

13. И кој ќе ви направи зло, ако правите добро?

14. Но, ако и страдате за правда, блажени сте; не плашете се од она од што тие се плашат и не бојте се;

15. туку Господ Бог почитувајте Го во срцата свои; а бидете секогаш подготвени со кротост и страхопочит за од­говор на секого кој од вас ќе побара сметка за вашата надеж.

16. Имајте чиста совест, та со тоа, што ве напаѓаат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос.

17. Зашто, ако ѝ е угодно на Божјата волја, подобро е да страдате правејќи добро, отколку вршејќи лошо,

18. бидејќи и Христос, за да нѐ доведе кај Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните; вис­тина, умре по тело, но оживеа со духот.

19. Во него откако слезе, им проповеда и на духовите кои беа в затвор,

20. кои некогаш не се покорија кога Божјата долготрпеливост ги оче­ку­ваше, во времето на Ное, при правењето на ковчегот, во кој малкумина, односно осум души се спасија од водата.

21. Образецот на таа вода – крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветувањето на Бога добра совест – нѐ спасува сега и нас преку воскресението на Исус Христос,

22. Кој, откако се вознесе на небото, е оддесно на Бога, а Кому Му се покоруваат ангелите, властите и силите.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 3