Нов Завет

1 Петар 2:9-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. Но вие сте избран род, царско свеш­тенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина;

10. вие, кои некогаш не бевте народ, а сега сте народ Божји; кои не бевте по­милувани, а сега сте помилувани.

11. Возљубени, ве молам, како придојдени и гости, да се пазите од телесните похоти што војуваат против душата.

12. Однесувајте се достојно меѓу нез­на­бошците, па тие, кога ве напаѓаат како злотворци, штом ќе ги видат вашите добри дела, да Го прослават Бога во денот на посетата.

13. И така, покорувајте се на секоја човечка власт, поради Господ: било на цар, како на врховна власт,

14. било на управители на Негови пра­теници за да ги казнат злосторниците, а за да ги пофалат добротворците!

15. Зашто, таква е волјата Божја, – со добротворство да го замолкнуваме незнаењето на безумните луѓе,

16. како слободни, а не како такви што ја употребуваат слободата како покривка за вршење зло, туку – како слуги Божји.

17. Почитувајте го секого, браќата са­кајте ги, имајте страхопочит кон Бога, царот почитувајте го!

18. Слуги, покорувајте им се на господарите свои, не само на добрите и крот­ките, туку и на лошите!

19. Зашто, тоа ви оди во прилог, ако некој, од сознание за Бога, поднесува скрб, страдајќи несправедливо.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 2