Нов Завет

1 Петар 2:6-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Зашто во Писмото стои напишано: „Еве, на Сион поставувам камен темелник, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами!“

7. Вам, пак, кои верувате, Тој ви е чест, а за неверниците – „Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник“,

8. камен од кој тие се сопнуваат и ка­мен на кој паѓаат, зашто не му се покоруваат на словото; за тоа се тие и од­ре­дени.

9. Но вие сте избран род, царско свеш­тенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина;

10. вие, кои некогаш не бевте народ, а сега сте народ Божји; кои не бевте по­милувани, а сега сте помилувани.

11. Возљубени, ве молам, како придојдени и гости, да се пазите од телесните похоти што војуваат против душата.

12. Однесувајте се достојно меѓу нез­на­бошците, па тие, кога ве напаѓаат како злотворци, штом ќе ги видат вашите добри дела, да Го прослават Бога во денот на посетата.

13. И така, покорувајте се на секоја човечка власт, поради Господ: било на цар, како на врховна власт,

14. било на управители на Негови пра­теници за да ги казнат злосторниците, а за да ги пофалат добротворците!

Прочитајте целосна глава 1 Петар 2