11. Возљубени, ве молам, како придојдени и гости, да се пазите од телесните похоти што војуваат против душата.
12. Однесувајте се достојно меѓу незнабошците, па тие, кога ве напаѓаат како злотворци, штом ќе ги видат вашите добри дела, да Го прослават Бога во денот на посетата.
13. И така, покорувајте се на секоја човечка власт, поради Господ: било на цар, како на врховна власт,
14. било на управители на Негови пратеници за да ги казнат злосторниците, а за да ги пофалат добротворците!
15. Зашто, таква е волјата Божја, – со добротворство да го замолкнуваме незнаењето на безумните луѓе,
16. како слободни, а не како такви што ја употребуваат слободата како покривка за вршење зло, туку – како слуги Божји.
17. Почитувајте го секого, браќата сакајте ги, имајте страхопочит кон Бога, царот почитувајте го!
18. Слуги, покорувајте им се на господарите свои, не само на добрите и кротките, туку и на лошите!