Нов Завет

1 Коринтјаните 4:3-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. За мене ништо не значи да бидам су­ден од вас, или од судот на другите лу­ѓе; јас и самиот не се судам себе,

4. зашто во ништо не се чувствувам ви­новен; но со тоа не сум оправдан: судија ми е Господ.

5. Затоа, пак, не судете ништо пред­вре­ме, додека не дојде Господ, Кој ќе го изнесе на видело сокриеното во мракот и ќе ги објави намерите на срцата; и тогаш секој ќе прими пофалба од Бога.

6. Ова браќа го применив на себе и на Аполос заради вас, за да се поучите од нас на онаа изрека: „Не мудрувајте повеќе од она што е напишано“, и да не се гордеете еден пред друг поради некого.

7. Зашто, кој ти дава предимство? Што имаш, што не си примил? А штом си примил, зошто се фалиш, како да не си примил?

8. Презаситени сте веќе, се збогативте веќе и се зацаривте без нас; камо среќа да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас!

9. Мислам дека нас апостолите Бог нѐ прикажа најпоследни, како осудени на смрт, бидејќи станавме глетка за светот – на ангелите и на луѓето.

10. Ние сме безумни заради Христа, а вие сте мудри во Христа; ние сме не­моќни, а вие сте силни; вие сте славни, а ние бесчесни.

11. До овој час ние и гладуваме, и жеднееме, и необлечени одиме, нѐ бијат и скитаме по светов,

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 4