Нов Завет

1 Коринтјаните 14:2-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. Зашто оној, кој зборува на друг јазик, тој не им зборува на луѓе, туку на Бога; бидејќи никој не го разбира, а со Духот кажува тајни;

3. кој, пак, пророкува, тој им зборува на луѓето за надградување, охрабрува­ње и утешување.

4. Кој зборува на друг јазик, тој се надградува сам себе; а кој пророкува, тој ја надградува Црквата.

5. Но јас би сакал сите вие да зборувате на други јазици, а уште повеќе да пророкувате: зашто, кој пророкува, е поголем од оној, кој зборува јазици – ос­вен ако и ги толкува, за да се надградува Црквата.

6. Сега, ако дојдам кај вас, браќа, и ви зборувам на други јазици, каква полза ќе имате од мене, ако не ви соопштувам или со откровение, или со знаење, или со пророштво, или со поука?

7. И бездушните предмети, како кавалот или гуслата, што даваат глас, ако не даваат разни гласови, како ќе се разбере што свири кавалот или гуслата?

8. Зашто, ако трубата не дава разбирлив глас, тогаш кој ќе се готви за бит­ка?

9. Така и вие, ако со јазикот свој не из­говарате разбирливи зборови, како ќе се разбере она што го зборувате? Ќе бидете како оние кои говорат во ветер.

10. Во светот има којзнае колку разни гласови, и ниеден од нив не е без зна­че­ње.

11. Ако, пак, не го разбирам значењето на тие гласови, тогаш за оној што збо­рува ќе бидам туѓинец, а и тој за мене туѓинец.

12. Така и вие, бидејќи сте ревнители за духовни дарови, грижете се да ги до­биете во изобилство, за надградување на Црквата.

13. Затоа, оној што зборува на друг ја­зик, нека се моли за дар да може да го толкува.

14. Зашто, ако се молам на друг јазик, се моли мојот дух; умот, пак, мој ос­та­нува бесплоден.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 14