Нов Завет

1 Коринтјаните 13:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Да зборувам на сите човечки ја­зици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.

2. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера, што и планини да пре­мес­тувам, – ако љубов немам, ништо не сум.

3. И да го раздадам целиот свој имот, да го предадам телото да ми изгори, – штом љубов немам, ништо не ми користи.

4. Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива,

5. не е непристојна, не бара свое, не се срди, не памти зло,

6. не се радува на неправда, туку се ра­дува на вистина,

7. сѐ покрива, во сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ поднесува.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 13