18. Во љубовта страв нема, туку совршената љубов го изгонува стравот, бидејќи стравот подразбира казна. Кој се плаши, не е совршен во љубовта.
19. Ние Го љубиме, бидејќи Тој отпрвин нѐ возљуби.
20. Ако некој рече: „Го љубам Бога“ а го мрази својот брат, тој е лажливец: зашто, кој не го љуби својот брат, кого го видел, како може да Го љуби Бога, Кого не го видел?
21. И таа заповед ја имаме од Него: кој Го љуби Бога, да го љуби и братот свој.