Нов Завет

1 Јован 1:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Она што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа, за Словото на животот –

2. и животот се јави, и видовме, и све­дочиме, и ви го навестуваме вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави –

3. она што го видовме и го чувме, тоа ви го навестуваме, та и вие да имате за­едништво со нас; а нашето заедништво е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос.

4. Тоа ви го пишуваме за да биде ра­доста наша потполна.

5. А известувањето, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа де­ка Бог е светлина, и во Него нема ни­каква темнина.

6. Ако речеме дека со Него имаме заедништво, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 1