Нов Завет

Римјаните 9:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Не се сите потомци на Авраам негови вистински наследници, туку Светото Писмо вели: „Оние што се потомци на Исак ќе се сметаат за твои наследници.“

8. Тоа значи дека не се Божји деца сите што се биолошки потомци на Авраам. Вистинските потомци на Авраам се децата што беа родени според ветувањето што го беше дал Бог.

9. А тоа ветување гласеше: „Следната година, во ова време јас ќе се вратам и Сара ќе има син.“

Прочитајте целосна глава Римјаните 9