Нов Завет

Римјаните 9:7-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Не се сите потомци на Авраам негови вистински наследници, туку Светото Писмо вели: „Оние што се потомци на Исак ќе се сметаат за твои наследници.“

8. Тоа значи дека не се Божји деца сите што се биолошки потомци на Авраам. Вистинските потомци на Авраам се децата што беа родени според ветувањето што го беше дал Бог.

9. А тоа ветување гласеше: „Следната година, во ова време јас ќе се вратам и Сара ќе има син.“

10. Тој син беше Исак, кој подоцна се ожени со Ревека. И кај нивните деца се покажа Божјиот избор. Ревека зачна близнаци од нашиот предок Исак.

11. Но изборот меѓу нив го изврши Бог, согласно со Своите планови. Уште пред да се родат близнаците и да сторат нешто добро или зло,

12. Бог и рече на Ревека: „Потомците на постариот син ќе им служат на потомците на помладиот син.“ Изборот не беше резултат на нивни заслуги, туку зависеше само од Оној што одбираше, од Бог.

13. Токму затоа Бог во Светото Писмо вели: „Јакова го засакав, а Исава го отфрлив.“

14. Значи ли ова дека Бог е неправеден? Никако!

15. На Мојсеј Бог му рече: „Спрема кого сакам ќе имам милост, спрема кого сакам ќе се сожалам.“

16. Значи, Божјиот избор е резултат на Неговата милост, а не е заслуга на оние што сакале или пак на оние што вложувале сопствени напори.

17. Светото Писмо кажува дека Бог вака му рече на фараонот: „Те направив цар, за да се покаже над тебе Мојата сила и за да се прочуе Моето име по целата Земја.“

18. Значи, спрема кого сака Бог ќе се смилува, а кого сака ќе го остави тврдоглав.

19. Несомнено некој ќе рече: „Зошто тогаш Бог смета дека одговорноста е кај луѓето? Кој може да се противстави на она што Бог наумил да го стори?“

Прочитајте целосна глава Римјаните 9