Нов Завет

Римјаните 9:17-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Светото Писмо кажува дека Бог вака му рече на фараонот: „Те направив цар, за да се покаже над тебе Мојата сила и за да се прочуе Моето име по целата Земја.“

18. Значи, спрема кого сака Бог ќе се смилува, а кого сака ќе го остави тврдоглав.

19. Несомнено некој ќе рече: „Зошто тогаш Бог смета дека одговорноста е кај луѓето? Кој може да се противстави на она што Бог наумил да го стори?“

20. Но кој си па ти, човеку, да Му приговараш на Бог!? Зар ракотворбата ќе му приговори на мајсторот: „Зошто си ме направил ваква?“

21. Зар грнчарот нема право од иста смеса глина да направи еден сад за благородна, а друг за неблагородна употреба?

22. Бог има право да го излее Својот гнев и да ја покаже Својата сила, но има право и да биде долготрпелив спрема оние на кои им е гневен, луѓе кои самите се подготвиле за сопствено уништување.

23. Тој има право да ги излее богатствата на Својата слава врз оние спрема кои ја насочи Својата благонаклоност, оние што ги беше приготвил за слава.

Прочитајте целосна глава Римјаните 9