Нов Завет

Римјаните 9:13-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Токму затоа Бог во Светото Писмо вели: „Јакова го засакав, а Исава го отфрлив.“

14. Значи ли ова дека Бог е неправеден? Никако!

15. На Мојсеј Бог му рече: „Спрема кого сакам ќе имам милост, спрема кого сакам ќе се сожалам.“

16. Значи, Божјиот избор е резултат на Неговата милост, а не е заслуга на оние што сакале или пак на оние што вложувале сопствени напори.

17. Светото Писмо кажува дека Бог вака му рече на фараонот: „Те направив цар, за да се покаже над тебе Мојата сила и за да се прочуе Моето име по целата Земја.“

18. Значи, спрема кого сака Бог ќе се смилува, а кого сака ќе го остави тврдоглав.

19. Несомнено некој ќе рече: „Зошто тогаш Бог смета дека одговорноста е кај луѓето? Кој може да се противстави на она што Бог наумил да го стори?“

Прочитајте целосна глава Римјаните 9