Нов Завет

Римјаните 8:29-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

29. Однапред познавајќи ги луѓето, Бог ги одбра Своите, со цел да ги преобрази така што ќе бидат слични на Неговиот Син, Исус, Кој е првороден за да има многу браќа и сестри.

30. А тие што ги одбра, Бог ги повика, ги оправда и ги прослави.

31. Што да кажеме на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе биде против нас?

32. Кога Бог ни Својот Сопствен Син не Го поштеди, туку Го даде за откуп на сите нас, зар заедно со Исус нема да ни подари и се друго?

33. Кој може да подигне обвинение против оние што Бог ги одбра и ги оправда!?

34. Кој може да не осуди нас, Божјите избраници? Такво право и таква сила има само Исус Христос, но токму Тој умре и воскресна за нас, а и сега се зазема за нас, седејќи на почесното место, од десната страна на Бог!

35. Според тоа, може ли да има сила што ќе не одвои од Христовата љубов? Можат ли тоа да го сторат тешкотиите, маките, прогоните, гладот, немаштијата или заканите со смрт?

36. Иако во Светото Писмо е напишано: „Секојдневно се соочуваме со смртта, за Тебе, не сметаат како овци за клање“

37. Наспроти се, ние сме повеќе од победници, преку Христос, Кој многу не засака.

38. Убеден сум дека ни смртта ни животот; ни ангелите, ни владетелите; ни сегашноста, ни иднината; ни некакви сили,

39. било да се сили од височините, или сили од длабочините; ниту што и да е на овој свет не може да не одвои од Божјата љубов, што Тој ни ја искажува преку Исус Христос, нашиот Господ!

Прочитајте целосна глава Римјаните 8