Нов Завет

Римјаните 4:5-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Но пред Бог, оној што не се потпира врз својот труд и постигања, туку што верува во Оној што ги оправдува грешниците, неговата вера му се смета како праведност.

6. Еве што вели и царот Давид кога опишува колку е среќен оној човек кого Бог го смета за праведен, но не врз основа на дела извршени според барањата на Законот:

7. Среќен е оној, на којшто престапот му е простен, чиј грев е покриен!

8. Среќен е човекот кого Господ за грев не го обвинува.“

9. Дали овој благослов важи само за обрежаните, или важи и за необрезаните? Да го погледнеме примерот со Авраам. Рековме дека Бог му припиша праведност на Авраам, затоа што Авраам имаше вера во Него.

Прочитајте целосна глава Римјаните 4