Нов Завет

Римјаните 3:14-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. „Устите им со клетви и горчина се полни.“

15. „Брзи се стапалата нивни да пролеваат крв.

16. Кај ќе стапнат - пустош и беда носат!

17. За мирољубивост не знаат.“

18. „Ни трошка страв и почит спрема Бог кај нив нема.“

19. А јасно е дека одредбите на Божјиот Закон се наменети за луѓето на кои им беше даден. Ниеден човек нема изговор, а врз основа на тој Закон Бог може целиот свет да го осуди.

20. Со придржување кон Законот никој не може да се здобие со праведност во Божјите очи. Преку Законот само стануваме свесни за нашата грешност.

21. Сега Бог ни покажа како можеме да се здобиеме со праведност: не преку придржување кон уредбите во Мојсеевиот Закон, туку онака како што одамна беше ветено во Светото Писмо:

22. пред Бог можеме да се здобиеме со праведност само преку вера во Исус Христос. Тоа важи за секој што верува, бидејќи меѓу луѓето нема никаква разлика,

23. зашто сите згрешија и никој не успеа да ги достигне Божјите возвишени стандарди.

24. Но поради Својата милостива благонаклоност, Бог не прогласува за праведни. Оправданието ни е подарено преку откупот што за нашите гревови го плати Исус Христос.

25. Него Бог јавно Го испрати да биде помирителна жртва за оние што со вера го прифаќаат тоа. Бог ни покажа дека беше праведен во минатото кога трпеливо преминуваше преку гревовите на луѓето за потоа да ги наплати преку жртвуваната крв на Исус Христос.

26. Бог ни покажува дека е праведен и сега кога го оправдува секој што верува во Исус. Така Неговата праведност никогаш не е доведена во прашање.

Прочитајте целосна глава Римјаните 3