Нов Завет

Римјаните 3:10-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Како што е напишано во Светото Писмо: “Нема ниту еден праведен човек, ниту еден единствен;

11. ниту еден што разбира, ниту еден што Го бара Бога.

12. Сите скршнаа од правиот пат, сите се израсипаа. Нема ниту еден единствен човек што прави добро.“

13. „Грлата нивни - гробови отворени, јазиците само за злобни лаги им служат.“ „Зад усните змиски отров кријат.“

14. „Устите им со клетви и горчина се полни.“

15. „Брзи се стапалата нивни да пролеваат крв.

16. Кај ќе стапнат - пустош и беда носат!

Прочитајте целосна глава Римјаните 3