Нов Завет

Римјаните 3:1-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Тогаш, во што е предноста да се биде Евреин? Има ли обрежувањето некаква вредност?

2. Предноста е голема, во секој поглед! Како прво, Светото Писмо им беше доверено на Евреите.

3. Навистина, некои од нив ја изневерија Божјата доверба, но дали тоа значи дека и на Бог не може да Му се верува?

4. Секако не! Дури и сите луѓе да испаднат лажливци, на Бог може да Му се верува, како што стои запишано во Светото Писмо: „Ќе се покаже дека вистината ја зборуваш, пред судот победа ќе извојуваш.“

5. Има луѓе што велат: „Нашите гревови служат за да дојде до израз Божјата добрина, кога Тој ќе ни ги прости. Зарем тогаш не е неправедно Бог да не казнува?“ (Да, има луѓе што токму така зборуваат.)

6. Се разбира дека не е неправедно! Да е така, како би можел Бог да му суди на светот?

7. Можеби некој ќе рече: „Ако преку мојата лага уште повеќе доаѓа до израз Божјата вистина и се возвишува Неговата слава, зошто тогаш Бог да ме смета за грешник и да ме осудува?“

8. Ако така размислувате, ќе испадне дека колку повеќе грешиме, толку е подобро! Се разбира дека не е така, иако некои луѓе ме клеветат дека јас така сум проповедал! Тие што така размислуваат, си ја заслужуваат казната што ќе ги снајде!

9. Значи, дали ние Евреите сме подобри од другите народи? Не, не сме. Ние веќе рековме дека и Евреите, како и другите народи, се под власта на гревот.

10. Како што е напишано во Светото Писмо: “Нема ниту еден праведен човек, ниту еден единствен;

11. ниту еден што разбира, ниту еден што Го бара Бога.

12. Сите скршнаа од правиот пат, сите се израсипаа. Нема ниту еден единствен човек што прави добро.“

13. „Грлата нивни - гробови отворени, јазиците само за злобни лаги им служат.“ „Зад усните змиски отров кријат.“

Прочитајте целосна глава Римјаните 3