Нов Завет

Римјаните 2:3-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Немој да мислиш дека Бог ќе ги казни другите луѓе за нивните грешни постапки, а ти за слични постапки ќе ја избегнеш Божјата казна!

4. Не сфаќај ја погрешно Божјата прекумерна добрина, воздржливост и долгата трпеливост спрема тебе! Божјата добрина ти дава време за да се покаеш!

5. Ако останеш тврдоглав и не се покаеш, си собираш гнев против себе со кој Бог справедливо ќе те казни на Судниот ден,

6. кога Бог на секого ќе му плати според неговите дела.

Прочитајте целосна глава Римјаните 2