Нов Завет

Римјаните 2:2-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Знаеме дека Бог е справедлив и ќе ги казни сите што прават такви работи.

3. Немој да мислиш дека Бог ќе ги казни другите луѓе за нивните грешни постапки, а ти за слични постапки ќе ја избегнеш Божјата казна!

4. Не сфаќај ја погрешно Божјата прекумерна добрина, воздржливост и долгата трпеливост спрема тебе! Божјата добрина ти дава време за да се покаеш!

5. Ако останеш тврдоглав и не се покаеш, си собираш гнев против себе со кој Бог справедливо ќе те казни на Судниот ден,

6. кога Бог на секого ќе му плати според неговите дела.

7. На оние што истрајуваат во вршењето добри дела, и во копнежот по небесна слава, чест и бесмртност, Бог ќе им даде вечен живот,

8. а врз оние што се себични, што одбиваат да ја слушаат вистината, а го следат злото, Бог ќе излее гнев и лутина.

Прочитајте целосна глава Римјаните 2