Нов Завет

Римјаните 2:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Затоа, ниеден човек нема оправдување! Дури ни тој што ги осудува таквите постапки, зашто и самиот е виновен за нив. Тој што им пресудува на другите си пресудува и себеси!

2. Знаеме дека Бог е справедлив и ќе ги казни сите што прават такви работи.

3. Немој да мислиш дека Бог ќе ги казни другите луѓе за нивните грешни постапки, а ти за слични постапки ќе ја избегнеш Божјата казна!

4. Не сфаќај ја погрешно Божјата прекумерна добрина, воздржливост и долгата трпеливост спрема тебе! Божјата добрина ти дава време за да се покаеш!

5. Ако останеш тврдоглав и не се покаеш, си собираш гнев против себе со кој Бог справедливо ќе те казни на Судниот ден,

Прочитајте целосна глава Римјаните 2