Нов Завет

Римјаните 16:4-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Тие си ги ризикуваа сопствените животи заради мене. Ним не сум им благодарен само јас, туку и сите цркви меѓу неевреите.

5. Поздравете ја и црквата што се собира во нивниот дом. Поздравете го мојот драг пријател Епенет. Тој е првиот христијанин од Азија.

6. Поздравете ја Марија, која многу работеше за вас.

7. Поздравете ги моите роднини Андроник и Јуниј, со кои заедно бевме в затвор. Тие се многу почитувани меѓу апостолите и уште пред мене беа Христови следбеници.

8. Поздравете го мојот драг пријател во Господ, Амплијат.

9. Поздравете го Урбан, наш соработник во Христовото дело; поздравете го и мојот драг пријател Стахиј.

Прочитајте целосна глава Римјаните 16