Нов Завет

Римјаните 16:21-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Ве поздравуваат мојот соработник Тимотеј и моите сонародници Луциј, Јасон и Сосипатер.

22. И јас, Терцие, оној што го пишува ова писмо, ве поздравувам како Господов следбеник.

23. Ве поздравува Гај, кој ни е домаќин и мене и на целата овдешна црква. Ве поздравува градскиот благајник Ераст и нашиот брат по вера, Квартус.

24. (Благодатта на нашиот Господ Исус нека биде со сите вас. Амин.)

25. А сега, нека Му е слава на Бог, Кој може да ве направи цврсти преку Радосната вест што ви ја пренесувам! Таа зборува за Исус Христос. Со векови ова беше тајна,

26. но сега стана нешто што сите можат да го слушнат. Вечниот Бог им заповеда на Неговите пророци да пишуваат за Радосната вест, па така, преку Светото Писмо сите народи да ја слушнат и да поверуваат.

27. На единствениот Бог, на Оној што е мудар, нека Му е слава преку Исус Христос во вечни времиња! Амин!

Прочитајте целосна глава Римјаните 16