Нов Завет

Римјаните 16:18-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Таквите луѓе не му служат на нашиот Господ Христос, туку им служат само на сопствените апетити. Преку лицемерни говори и ласкање тие ги заведуваат простодушните.

19. А за вас насекаде се слуша дека сте Му послушни на Бог, и тоа посебно ме радува. Би сакал да бидете бистри за она што е добро, а невини за се што е зло.

20. А Бог, Кој е извор на мирот, брзо ќе го сотре Сатаната и ќе го фрли под вашите нозе! Нашиот Господ Исус нека ви биде благонаклонет.

21. Ве поздравуваат мојот соработник Тимотеј и моите сонародници Луциј, Јасон и Сосипатер.

22. И јас, Терцие, оној што го пишува ова писмо, ве поздравувам како Господов следбеник.

23. Ве поздравува Гај, кој ни е домаќин и мене и на целата овдешна црква. Ве поздравува градскиот благајник Ераст и нашиот брат по вера, Квартус.

Прочитајте целосна глава Римјаните 16