Нов Завет

Римјаните 16:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Ви ја препорачувам нашата сестра Фиба, која служи во црквата во Кенхреа. Таа наскоро ќе ве посети.

2. Пречекајте ја срдечно, како што им прилега на Божји луѓе. Помогнете и со се што ќе и треба, бидејќи и таа им помагаше на многумина, а ми помогна и мене.

3. Поздравете ги Приска и Акила, кои соработуваат со мене во мојата мисија за Исус Христос.

4. Тие си ги ризикуваа сопствените животи заради мене. Ним не сум им благодарен само јас, туку и сите цркви меѓу неевреите.

5. Поздравете ја и црквата што се собира во нивниот дом. Поздравете го мојот драг пријател Епенет. Тој е првиот христијанин од Азија.

Прочитајте целосна глава Римјаните 16