Нов Завет

Римјаните 15:1-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Ние што имаме посилна вера треба да ја поднесуваме слабоста на оние со послаба вера, а не да си угодуваме самите на себе.

2. Секој од нас треба да им угодува на христијаните што се околу него, за нивно добро, за да ги изградува.

3. Ни Христос не си угодуваше Себеси, туку, како што е напишано: „Навредите што беа наменети за Тебе, паднаа врз Мене.“

4. Се што во минатото е напишано во Светото Писмо, напишано е за ние да се поучиме, да оцврснеме, да се охрабриме и да не губиме надеж.

5. А Бог, Кој е изворот на нашата стрпливост и утеха, нека ви даде слога меѓу вас и секој да го следи примерот на Исус Христос,

6. па сите заедно и сложно да Го прославувате Бога, Таткото на нашиот Господ Исус Христос.

7. Прифаќајте се еден со друг, како што Христос ве прифати вас. Со тоа Бог ќе биде прославен.

8. Сакам да знаете дека Христос им стана слуга на Евреите за да го исполни ветувањето што Бог им го беше дал на нивните предци,

9. а исто така и сите други народи да Го прославуваат Бога заради Неговата милост, како што е напишано во Светото Писмо: „Затоа ќе Ти донесам слава меѓу нееврејските народи, ќе Му пеам славопои на Твоето име!“

10. И на друго место вели: „Радувајте се и вие што не сте Евреи, заедно со Божјиот народ, Евреите!“

Прочитајте целосна глава Римјаните 15