Нов Завет

Римјаните 14:7-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Никој од нас христијаните не живее за себе и не умира за себе.

8. Додека сме живи, живееме за Господ. Кога умираме, умираме за да Му се придружиме на Господ. Живи или мртви, ние Му припаѓаме на Господ.

9. Всушност, токму заради ова Христос умре и воскресна, за да им биде Господ и на живите и на мртвите.

10. Тогаш, зошто ги критикувате другите христијани? Зошто дури и ги презирате? Не заборавајте дека секој од нас ќе застане пред Божјиот судски престол!

11. Во Светото Писмо, Господ вели: „Во Себе се колнам, бидејќи Сум вечно жив, дека секое колено пред Мене ќе клекне, секој јазик на Бог ќе Му се исповеда!“

12. Значи, секој од нас, лично за себе ќе полага сметка пред Бог. Слобода, но и одговорен однос

13. Затоа, да престанеме да се осудуваме едни со други! Да се трудиме да не им поставуваме сопки и стапици на другите христијани.

14. Знаејќи го учењето на Господ Исус, јас сум убеден дека нема забранета храна поради верски причини. Меѓутоа, ако некој смета дека не треба да јаде извесен вид храна, тој од неа се гнаси.

15. Затоа, ако со храната што ти ја јадеш ги повредуваш чувствата на некои христијани, ти не постапуваш со љубов. Христос умре за нив. Немој поради храна да уништиш некоја душа за која Христос умре!

Прочитајте целосна глава Римјаните 14