Нов Завет

Римјаните 11:32-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

32. За извесно време Бог ги остава сите луѓе во затворот на нивната непослушност, за потоа спрема сите да покаже милост.

33. О колкава длабочина и богатство има во мудроста и знаењето на Бог! Колку тешко можеме да ги сфатиме Неговите одлуки и начинот на кој Тој дејствува!

34. „Кој може да знае што мисли Господ? Кој има толкаво знаење за да Му биде советник?“

35. „Кој Нему нешто Му дал, па да очекува да му биде вратено?“

36. Се доаѓа од Него и се се одржува во живот преку Него. Се е Негово. Нему нека Му е слава во вечни времиња! Амин.

Прочитајте целосна глава Римјаните 11