Нов Завет

Римјаните 10:8-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Пораката за спасение преку вера во Христос е лесно достапна, како што и се вели во Светото Писмо: „Пораката е близу до тебе, таа е на твоите усни, во твоето срце.“ Ова е учењето за верата што ние го проповедаме.

9. Ако со својата уста Го признаваш Исус за Господ, и ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен.

10. Ако длабоко во себе имаш таква вера, Бог ќе те смета за праведен. Ако со својата уста ја исповедаш оваа вера, ќе бидеш спасен.

11. Светото Писмо вели вака: „Ниту еден од оние што веруваат во Него нема да се разочара!“

12. Без оглед на тоа дали се работи за Евреин или за припадник на некој друг народ. Единствениот Господ што постои е за сите и Тој е дарежлив спрема сите што бараат помош од Него.

13. „Секој што ќе Му се обрати на Господ, ќе биде спасен.“

14. Но како ќе Му се обраќаат на Господ, ако не веруваат во Него? А како ќе поверуваат, ако не чуле за Него? Како ќе чујат, ако некој не им проповеда?

15. А како може некој да проповеда, ако не е испратен од Господ? Затоа во Светото Писмо пишува: „Благословени се стапалата на луѓето што ја разгласуваат Радосната вест!“

16. Но сите не ја прифатија Радосната вест. Пророкот Исаија вели: „Господе, има ли некој што верува во пораката што ја проповедаме?“

17. Сепак, верата доаѓа преку слушање, и тоа преку слушање на Радосната вест за Христос.

Прочитајте целосна глава Римјаните 10