Нов Завет

Римјаните 10:11-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Светото Писмо вели вака: „Ниту еден од оние што веруваат во Него нема да се разочара!“

12. Без оглед на тоа дали се работи за Евреин или за припадник на некој друг народ. Единствениот Господ што постои е за сите и Тој е дарежлив спрема сите што бараат помош од Него.

13. „Секој што ќе Му се обрати на Господ, ќе биде спасен.“

14. Но како ќе Му се обраќаат на Господ, ако не веруваат во Него? А како ќе поверуваат, ако не чуле за Него? Како ќе чујат, ако некој не им проповеда?

15. А како може некој да проповеда, ако не е испратен од Господ? Затоа во Светото Писмо пишува: „Благословени се стапалата на луѓето што ја разгласуваат Радосната вест!“

16. Но сите не ја прифатија Радосната вест. Пророкот Исаија вели: „Господе, има ли некој што верува во пораката што ја проповедаме?“

17. Сепак, верата доаѓа преку слушање, и тоа преку слушање на Радосната вест за Христос.

18. Но зарем Израелците не чуле? Се разбира дека чуле: „Гласот на Божјите созданија низ целата Земја се ори до крајот на светот зборот им се гласи.“

19. Пак ќе речам, зар на Израелците не им е јасно? Уште преку Мојсеј Бог им порача: „Ќе предизвикам љубомора кај вас, благословувајќи други народи што сега не се Мој народ, ќе се лутите кога ќе ги благословам неупатените народи!“

20. Пророкот Исаија храбро им кажа од името на Бог: „Ме најдоа оние што не Ме бараа, им се објавив на оние што не прашуваа за Мене.“

Прочитајте целосна глава Римјаните 10