Нов Завет

Римјаните 1:6-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Меѓу оние што се повикани да Му припаѓаат на Исус Христос сте и вие,

7. драги христијани во Рим. Вие сте Му мили на Бог и Тој ве повикува да бидете Негов свет народ. Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.

8. Најнапред сакам да Му заблагодарам на мојот Бог, преку Исус Христос, за сите вас, бидејќи за вашата вера се раскажува по целиот свет.

9. Бог, Кому јас Му служам со сето свое срце и ја проповедам Радосната вест за Неговиот Син, Тој ми е сведок дека во моите молитви постојано си спомнувам за вас.

10. Секогаш во моите молитви барам, ако е Божја волја, патот да ме наведе еднаш да дојдам кај вас.

11. Копнеам да ве видам, за да можам да споделам со вас некој духовен дар, па да зацврснете.

12. Сакам да ве охрабрам во вашата вера, но сакам и јас да се охрабрам од вас.

Прочитајте целосна глава Римјаните 1