Нов Завет

Римјаните 1:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од Павле, во служба на Исус Христос, повикан од Бог да бидам Негов апостол и да се посветам на проповедање на Радосната вест.

2. Таа Радосна вест Бог уште одамна ја вети, преку Своите пророци во Светите писма.

3. Радосната вест зборува за Неговиот Син. Тој според Својата човечка природа беше потомок на царот Давид.

4. Што се однесува до Неговата божествена светост, огромна сила потврди дека Тој е Божјиот Син кога Бог Го воскресна од мртвите. Тоа е Исус Христос, нашиот Господ.

5. Преку Него и во Негово име Бог ни ја даде таа привилегија да бидеме Негови апостоли и да ги повикуваме луѓето од сите народи да веруваат во Бог и да Му бидат послушни.

6. Меѓу оние што се повикани да Му припаѓаат на Исус Христос сте и вие,

7. драги христијани во Рим. Вие сте Му мили на Бог и Тој ве повикува да бидете Негов свет народ. Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.

Прочитајте целосна глава Римјаните 1