Нов Завет

Откровение 9:1-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Петтиот ангел затруби и видов една ѕвезда како паѓа од небото на Земјата. Нејзе и беа дадени клучевите од јамата што води до Бездната.

2. Кога таа ја отвори јамата на Бездната, низ неа излезе дим како од огромна печка. Од димот поцрнеа и Сонцето и воздухот.

3. Од истиот дим излегоа рој скакулци и ја наполнија Земјата. Ним им беше дадена моќ да касаат како скорпии.

4. На скакулците им беше наредено да не ги пустошат ни тревата ни другото зеленило, ниту пак дрвјата, туку да ги напаѓаат само луѓето кои го немаат Божјиот печат на своите чела.

5. Тие имаа наредба да не ги убиваат луѓето, туку да ги измачуваат пет месеци. Болката од нивниот убод е слична на болка при убод од скорпија.

6. Во тоа време, луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат, ќе сакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.

7. Скакулците изгледаа како коњи подготвени за борба. На главите имаа нешто како златни венци, а лицата им беа човечки.

8. Гривите им беа како на долгокоса жена, а забите - како заби на лав.

9. Имаа оклопи како од железо, а шумот од нивните крилја правеше бучава како армија од бојни коли што јурат во бој!

10. Имаа и опашки, со осила слични како на скорпии; со кои можеа да ги измачуваат луѓето пет месеци.

Прочитајте целосна глава Откровение 9