Нов Завет

Откровение 7:11-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Сите ангели, кои стоеја околу престолот, околу старешините и околу четирите суштества паднаа ничкум и Му се поклонија на Бог,

12. велејќи: “Амин! На нашиот Бог Му припаѓа благослов, слава, мудрост, благодарност, чест, власт и моќ! Амин!“

13. Еден од старешините ме праша: „Знаеш ли кои се и од каде доаѓаат овие што се облечени во бели облеки?“

14. Јас му одговорив: „Господине, Ти го знаеш тоа!“ Тогаш тој ми рече: „Тоа се оние што минаа низ големи страдања. Тие ги избелија своите облеки перејќи ги во крвта на Јагнето.

15. Затоа сега стојат пред Божјиот престол и деноноќно Му служат во Неговиот храм. А Тој што седи на престолот ќе ги заштитува со Своето присуство.

16. Тој никогаш нема да дозволи тие да гладуваат или да ожеднат, ниту пак да ги пече Сонцето или некоја друга горештина.

17. Јагнето, Кое е на средината на престолот, ќе им биде Пастир и ќе ги пои со животодавна вода. И Бог ќе ја избрише секоја солза од нивните очи.“

Прочитајте целосна глава Откровение 7