Нов Завет

Откровение 3:19-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Јас ги укорувам и ги дисциплинирам сите што ги љубам. Затоа, бидете решителни и покајте се!

20. Еве, Јас стојам пред вратата и тропам. Ако некој Ме чуе и Ми отвори, Јас ќе влезам во неговиот дом и ќе вечераме заедно, како пријатели.

21. Оние што ќе излезат како победници, ќе седат заедно со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и сега заедно со Мојот небесен Татко седам на Неговиот престол.

22. Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!“

Прочитајте целосна глава Откровение 3